Фото: Градска управа на Конотоп

ВИДЕО | Ноќ со пламен и чад во Украина — се извлекуваа луѓе од зградите урнати во жестоките руски напади

Русија изврши уште еден жесток напад врз неколку украински региони во текот на ноќта, погодувајќи станбени згради, деловни згради и друга цивилна инфраструктура. Според украинските власти, најмалку 11 лица се повредени, а драматичните снимки од терен покажуваат како луѓе се спасуваат од урнатините и хаотични сцени во градовите што се под напад, пренесе Киев индепендент.

Најтешко погоден беше Конотоп во Сумиската област, каде што руски ракета или дрон погоди висока зграда. Регионалниот гувернер Олех Хрихоров објави дека најмалку шест лица се повредени, додека градоначалникот Артем Семенихин рече дека три ката од станбена зграда се урнале во „масовниот напад“.

Луѓе се извлекуваат од урнатините 

Спасувачките служби ги извлекоа жителите од затрупаната зграда во текот на ноќта, а потрагата по можни жртви продолжи и наутро. Ситуацијата е дополнително комплицирана од недостатокот на амбулантни возила, па според градоначалникот, многу од повредените се префрлени во болници со приватни автомобили.

Покрај станбените згради, оштетени се и административни згради, куќи и станови, а според локалните информации, уништен е и градскиот музеј.

Во исто време, големи проблеми со снабдувањето со електрична енергија се регистрирани во регионалниот центар Суми по силниот ноќен напад.

Напади и врз Днепар и Одеса

Руските напади продолжија и во други делови од земјата. Неколку складишта за храна беа погодени во Днепар во текот на ноќта, при што беа повредени пет лица. Гувернерот на Днепарската област, Олександр Ханжа, изјави дека меѓу повредените има маж и жена кои завршиле во болница.

Нападната е и Одеса, каде што се оштетени станбени згради и автомобили, додека една еднокатна зграда е целосно уништена. Локалните власти сè уште не објавија информации за можни жртви.

Во последните месеци, Русија извршува речиси секојдневни ноќни напади врз украинските градови, честопати насочени кон енергетската, транспортната и цивилната инфраструктура, особено во регионите поблиску до фронтовската линија.

Во текот на ноќта меѓу 13 и 14 мај,  таргетирајќи го Киев и други градови со стотици дронови, Русија го изврши најголемиот воздушен напад од почетокот на војната во Украина во период од два дена, соопштија украинските власти.

На 15 мај во Киев беше прогласен и Ден на жалост за загинатите.

Билансот на мртви од руските напади на Киев се искачи на 24, од кои три се деца

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот