ВИДЕО | Низок удар на Ана Брнабиќ во Српскиот парламент
Претседателката на Српскиот парламент и поранешна премиерка, Ана Брнабиќ, во расправа со опозицискиот пратеник Милош Парандиловиќ од Движењето за обнова на Кралството Србија, изнесе забелешка со која отиде и под своето ниво.
Препорачано
Таа на денешната бурна седница, реагирајќи на жестоките реплики од место на Парандиловиќ, реши да го замолкне на прилично приземен начин, одејќи понатаму од импликација и директно наведувајќи „и јас и Вие сме геј“, во обид да го дискредитира опозицискиот пратеник.
„И да ти кажам, Милоше, Милоше… Само затоа што ти и јас сме геј, не значи дека можеме да бидеме „на ти“. Дали е во ред? Не го прави тоа. Едно е сексуалната ориентација, а друго е што сме пријатели. Двете работи не се поврзани како што гледаш, па ајде да останеме на „Вие“. Важи?“, му рече Брнабиќ со сериозно лице на пратеникот од десничарската партија, произлезена од некогашната СПО на Вук Драшковиќ.
Парандиловиќ деновиве е еден од најжестоките критичари на власта на Александар Вучиќ и неговата Напредна партија, чија перјаница десетина години наназад е и Ана Брнабиќ. Таа беше избрана како прва премиерка од редовите на ЛГБТ-заедницата на Балканот, во времето кога власта на Вучиќ се обидуваше да му се приклони на Брисел. Но, нејзиното легитимирање на докажано хомофобниот и недемократски режим на Вучиќ е неспоредливо поштетно од какви било придобивки кои позицијата на Брнабиќ можеби му ги донела на ЛГБТ-движењето, велат критичарите.
Денешната забелешка на Брнабиќ кон Парандиловиќ главно наиде на осуда и згрозување на социјалните мрежи, а еден коментар наведува дека расправата личела на „муабети во крчма на Ибарската магистрала во три наутри“. Дел од корисниците, сепак, ја поддржаа нејзината метода за дискредитирање на политичкиот противник.
Ju, Ana! https://t.co/vlxZou9jx1 pic.twitter.com/ybZBnfCSug
— Martina Rakanjel (@karabinjera) April 20, 2026
Контроверзните правосудни реформи на Вучиќ ќе ја чинат Србија 1,5 милијарди евра


