ВИДЕО | Необичен природен феномен во Ирска: Поради невремето морето личи на пенливо капучино!

youtube

На социјалните мрежи се појави видео од Ирска, каде е забележан интересен феномен предизвикан од невреме, па многумина се пошегуваа дека потсеќа на вкусен пенлив пијалак како капучино.

Деновиве жителите на полуостровот Дингл во Ирска беа сведоци на навистина реток природен феномен. Имено, поради силните ветрови предизвикан од невремето „Бела“ алгите од морското корито почнале да лебдат на површината на морето и дополнително ја пенеле водата.

Отидовме на прошетка до пристаништето со сестра ми Клиодна… Она што го видовме беше навистина неверојатно“, напишал авторот на видеото.

Снимката од интересната појава брзо се прошири на социјалните мрежи, видете како изгледа целиот залив:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот