ВИДЕО | Неверојатно откритие: Пронајден нов свет на октоподи на 3 километри под површината на Тихиот океан

Фото: Принтскрин/ Твитер

На карпест предел на речиси 3 километри под површината на Тихиот Океан кај Костарика, истражувачите документираа активно легло на досега непознати октоподи. Ова е можеби трет познат пример на место каде огромен број суштества се собираат заедно, пишува „Мешабл“ („Mashable“).

Мисијата, предводена од Океанскиот институт „Шмит“, организација која ги истражува морињата и океаните, посети малку познато легло на октоподи, каде се собираат групи женски октоподи и ги чуваат нивните јајца.

„Откривањето на ново активно легло на октоподи, на речиси 3 километри под површината на морето, во водите на Костарика докажува дека има уште многу да се научи за нашиот океан“, рекла Јиотика Вирмани, извршниот директор на Океанскиот институт „Шмит“.

Фото: Facebook/ Field Museum

Интересно е што ново пронајденото легло, од оваа година, е во близина на хидротермална вентилација со ниска температура, место каде од Земјината кора тече топла или врела морска вода богата со минерали.

Ова сугерира дека некои видови октопод намерно ги одгледуваат своите јајца околу овие отвори. Неодамна пронајдениоот свет на октоподи, би можел да биде нов вид на „Muusoctopus“, вид на октопод без кесичка со мастило.

Меѓу другото, експедицијата забележала стотици други длабоки океански животни, кои се прилагодени на студените длабочини и темнината.

Подолу погледнете го видеото од овие животни:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот