ВИДЕО: Неверојатната тројка на Димитријевиќ во изборот на ФИБА!

Фото: kfsm.mk

Ненад Димитријевиќ без сомнение се очекува и во иднина да биде еден од главните носители на играта во најдобрата македонска репрезентација.

Новиот доказ дојде од Перм каде што се одржуваа квалификациите за пласман на следното Европско првенство, иако не успеаја на крајот играчите на Александар Тодоров да ја остварат целта.

Членот на шпанскиот клуб Хувентуд беше еден од нашите најдобри кошаркари во Перм, стигна до просек од 18,4 поени по меч, доволно да биде рангиран на осмата позиција на најдобрите стрелци.

Исто така младиот бек кој вчера го прослави 23 роденден, се наоѓа на деветтата позиција во категоријата на најдобри додавачи во овие квалификации. На пет средби (не играше само на првото гостување во Перм, против Русија), запиша 28 асистенции или со просек од 5,6 додавања по натпревар.

Покрај тоа ФИБА ги избра најдобрите 10 потези од шестата рунда, а меѓу нив се наоѓа и неверојатната тројка од пола терен на Димитријевиќ што беше како најава за победата против Италија:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот