ВИДЕО | Несторовски стрелец за Славен Белупо во хрватското дерби
Во 19 коло од најсилното хрватско фудбалско првенство екипата на Славен Белупо ремизираше на гостувањето кај Риека со 2:2.
Препорачано
Веќе во втората минута поведоа играчите на Славен Белупо со голот на македонскиот напаѓач Илија Несторовски по асистенцијата на Исасеги за позитива од 1:0.
За Несторовски ова е петти гол сезонава во хрватскиот шампионат во 15 настап за својот клуб.
Непосредно пред крајот на првиот дел домаќините останаа без играч помалку поради црвениот картон на Мајсторовиќ, но и покрај тоа успеаја да дојдат до израмнување во Ндокит во 66 минута.
Несторовски се пожали на повреда во 74 минута по што беше заменет од Лепињица. Во 82 минута гостите се вратија во минимално водство преку Јагушиќ, но само 180 секунди подоцна домаќините дојдоа до нов погодок кој беше дело на Дантас.
На табелата Славен Белупо е на четвртото место со 27 бодови, еден помалку од третопласираната Риека. На првата позиција е Динамо Загреб со 38 бодови, пред Хајдук Сплит со 37.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


