Никола Јокиќ и Кејд Канингем/Screensho/X

ВИДЕО: Неспортски потег на ѕвездата на Детроит – Јокиќ се превиткуваше од болка

Најдобриот кошаркар на Детроит, Кејд Канингем, минатата вечер во натпреварот со Денвер му зададе незгоден удар на Никола Јокиќ.

Канингем го чуваше Џамал Мареј, а Јокиќ пријде за да постави блок, по што доби силен и болен удар и заврши на паркетот.

При обидот да го заобиколи блокот, Канингем го удри Јокиќ во меѓуножјето. Српскиотт кошаркар со болна гримаса остана да лежи на теренот, а на Канингем веднаш му беше досуден личен фаул.  Судиската тројка го прегледа и видеото за да утврди дали има елементи за неспортски фаул, но процени дека таква казна не е потребна.

Инаку, Денвер доживеа пораз на гостувањето кај Детроит со резултат 124:121, а Јокиќ натпреварот го заврши со 24 поени, 15 скока и четири асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот