ВИДЕО | Неочекуван спој, моќен резултат: „Минус и плус“ од „2Бона“ и Лозано
„2Бона“ и Влатко Лозаноски – Лозано ја објавија нивната прва заедничка песна со наслов „Минус и плус“.
Препорачано
Нивниот музички проект, кој е големо изненадување за публиката, веќе започна да ниже бројки, пофални зборови и воодушевување на социјалните мрежи.
„На македонската музичка сцена недостасуваше нов, свеж и несекојдневен музички проект“, „Каква спојка, браво момци“, „Спојкава може цел албум да направи заедно“, се само дел од коментарите.
Инаку, музиката, текстот и аранжманот се заедничко дело на Лазар Цветковски, Магдалена Ена Цветковска и „2Бона“, што резултира со современ звук и препознатлива енергија.
Зад видеото стои режисерот Стефан Димитриески- Steadyflow, кој со креативен пристап и модерен визуелен јазик ја доловува приказната на песната.
Факт е дека овој проект претставува интересен музички спој кој ги руши жанровските граници и носи нешто ново на домашната сцена.
„Минус и плус“ е доказ дека различностите можат да создадат вистинска магија кога ќе се спојат на вистински начин.
За соработката и првичните реакции, за медиумите проговорија и самите артисти.
„Искрено, презадоволен сум – го погодивме вајбот што го сакавме. Реакциите се топ и тоа ни е најбитно. Се покажа дека трудот се исплатеше. Драго ми е што луѓето го препознаваат тоа“, вели Тони.
„Долго време сакавме да направиме песна со Влатко и неколкупати го дискутиравме тоа со Лазар во студио. Знаевме точно што сакаме и какви ќе бидат реакциите“, изјави Кун.
„Одлични се реакциите и тоа навистина ме радува. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина ќе слушнете уште нова музика од нас“, беше коментарот на Лозано.


