Фото: Промо

ВИДЕО | „Нема те“ е новата песна на Огнен Здравковски: Видеоспотот е снимен на неколку магични локации

По успешната „Ломи ме“, која излезе пред околу еден месец и наиде на одличен прием од публиката, Огнен Здравковски повторно допира до емоциите – овој пат со својата најнова песна „Нема те“. Во време кога паралелно работи на нови песни наменети за пазарот во соседството и активно учествува во продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, Огнен уште еднаш докажува дека неговата инспирација не запира.

„Нема те“ е повеќе од песна – тоа е музичка исповед. Делo кое ја отсликува болката од загубата, љубовта што останува како лузна, како тивко ехо во срцето. Музиката и аранжманот се потпишани од Димитар Андоновски, додека текстот е дело на еден од најбараните и најценетите балкански текстописци – Милан Милетиќ.

Песната доби и визуелен израз во форма на видеоспот што плени. Снимен на неколку магични локации, видеозаписот нуди мирни пејзажи кои совршено се надополнуваат со интензитетот на песната. Зад продукцијата стои српската „Сник медиа“, а режијата ја потпишува Никола Шуњевиќ во соработка со македонскиот креативец Дарко Јовановски – Даре Дете, кој со својот сензибилитет внесе душа, топлина и личен печат во секој кадар.

„Нема те“ е уште една потврда дека Огнен Здравковски е уметник кој расте, созрева и се осмелува да чувствува и да ги пренесе своите емоции. Неговата музика, талент и визија сè повеќе ја надминуваат домашната сцена и добиваат внимание и во регионот.

А кога ќе се спојат искрена емоција, врвна музичка продукција и природна убавина – резултатот е парче уметност што допира до срцето.

Погледнете го видеото за „Нема те“ и дозволете ѝ на музиката да ве однесе таму каде што зборовите не стигнуваат:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот