Фото: Скриншот/Фејсбук

ВИДЕО | „Не можам веќе, оваа војна ја војувам сам“, зборуваше Кили пред да почине

Во една од неговите последни објави на Фејсбук, Кирил Поп-Христов – Кили низ песна како да ја раскажува својата животна приказна и она што го чувствувал во моментот.

Актерот, кој почина пред неколку дена во Еквадор на 58 години, во октомври лани се снимал во својот двор, и пред да ја запее песната, тој вели:

„Не се може веќе, брате. Е, што е многу-многу е. Востанието чека многу долго. Дами и господа, одиме“, рече Кили, а потоа запеа импровизирана песна на српски јазик во која вели:

„Востание се спрема. Ова е војна која мораш да ја добиеш, ова е битка која мораш да ја освоиш. Ова е војна која ја војувам сам со себеси. Крајно време беше, животот те чека, во ритам на лелекање“, е дел од песната на Кили во која тој неколкупати ја споменува битката која мора да се добие.


Инаку, Кирил Поп-Христов – Кили ќе биде погребан во Еквадор, земјата во која помина значаен дел од својот живот. Неговото почивалиште ќе биде во Мангларалто, покрај океанот, откри за „Викимедиа.мк“ неговата сопруга, кореографката и професорка по современ танц Гордана Деан Поп-Христова.

Откако во 2014 година се преселија во Еквадор, Гордана и нивната ќерка Јоана, која се омажи таму и роди син, повеќе не се вратија во Македонија. Кили, пак, неколкупати доаѓаше во Скопје, па повторно се враќаше во Еквадор.

Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје, каде што го поминал и поголемиот дел од својот живот и професионална кариера.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 година работел во МНТ, а во 2018 година повторно се вратил на истата сцена, оставајќи значаен белег во институцијата како дел од актерскиот ансамбл.

ФОТО | Познатите се збогуваат со Кили: „Ах, бре, будалче!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот