ФОТО | Познатите се збогуваат со Кили: „Ах, бре, будалче!“
Познатите се простуваат од актерот Кирил Поп-Христов Кили кој вчера почина во Еквадор, каде што живешее од 2014 година. Актерот почина на 58-годишна возраст, потврдија од неговото семејство.
Препорачано
-Кили…Комшија, актерска и музичка големина. Шегаџија и „зае*ант“ прва класа. Енергија, мисла, дух и душа до Еквадор и назад! Капиштечка и „Килиштечка“ легенда! Лесна му земја и вечен спомен! Ќе фали и нема да има втор. Сочувство до семејството и пријателите“, напиша Петар Младеновски-Пеце од „Суперхикс“.
„Збогум Кили“, сподели неговиот колега, актерот Драган Спасов-Дац
-Кили, друже мој од старо маало кај парк, каде одлета прерано кон синото небо во твојата втора татковина? Помина низ премрежја на тешка болест – канцер, беше уверен дека алтернативната медицина и далечната земја ќе ти помогне во лечењето, и беше во право. Неверојатен во „Тетовирање“, одличен во музиката, мултиталент. Еден и единствен, роден бунтовник, друже мој. Ќе завршам во твој стил: „Ма немој да ме ј..беш бре!“, упатен кон сите комформисти, опортунисти, малогаѓни и простаци. Лејдис анд Џентлмен, ви го претсавувам новиот претендент за вечноста Кили Поп Христов, еден и единствен“, напиша ТВ-режисерката Ана Глигорова.
-Кили, почивај во мир, сочувство до семејството-напипа гитаристот Бобан Василески.
Една од последните објави кои Кили ги објави на Фејсбук беше од Еквадор, како свири на клавир во неговиот двор. Тој беше во брак со корегографката по танц Гордана Деан Поп-Христова и ја имаат ќерката Јоана која се омажи во Еквадор и има син. Тој ѝ беше како татко на актерката Нина Деан, ќерката на неговата сопруга од првиот брак.
Колегите и пријателите од естрадата продолжуваат да се простуваат од актерот.








