Брзо реагираше играчот на Филаделфија сиксерс/Фото: Принсктин/twitter.com/AndreDrummond

ВИДЕО: НБА ѕвездата Драмонд го спаси од давење својот двегодишен син во базенот

Неверојатна е брзината со која реагираше кошаркарот на НБА клубот Филаделфија сиксерс и еден од најпознатите играчи во лигата, Андре Драмонд.

Драмонд кој пред неколку дена потпиша договор со Филаделфија, доживеа вистинска драма додека одмораше дома со семејството и пријателите.

Дружењето за малку ќе се претвореше во кошмар бидејќи откако двегодишниот син на Драмонд падна во базенот.

Тоа веднаш го забележа кошаркарот кој се фрли во базенот и го спаси своето дете од давење.

Сето тоа беше снимено од камерата која ја инсталираше дома. Погледнете како сето тоа изгледаше:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот