Ламело Бол сообраќајна несреќа/Screenshot

ВИДЕО: НБА ѕвезда учествуваше во сообраќајна несреќа, излета тркалото на возилото

НБА ѕвездата од редовите на Шарлот, Ламело Бол беше учесник во сообраќајна несреќа во која за среќа никој не е посериозно повреден.

Во јавноста се појави и снимка од судирот на улиците на Шарлот, а на видеото може да се види како гумата од страната на возачот на автомобилот на Бол излетува по ударот. Според тоа што се гледа, веројатно возилото на кошаркарот сакаше да сврти во моментот кога другиот возач влегуваше кон средината на коловозната лента.

Инаку, ова не е првпат возењето на Бол да биде тема во јавноста. Уште во 2024 година стана вирално видео со компилација од негови сообраќајни прекршоци, меѓу кои минување на црвено светло и ризични свртувања низ градскиот сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот