Фото: Screenshot/youtube.com/@deniksport159

ВИДЕО | Навивачите влегоа на теренот со факели, дербито Славија – Спарта прекинато

Дербито од второто коло од ТОП 6 фазата на чешкото фудбалско првенство помеѓу Славија и Спарта беше прекинато по големите немири предизвикани од домашните навивачи на стадионот „Еден“.

Натпреварот прво беше прекинат во седмата минута од судиското продолжение, а потоа дефинитивно прекинат кога група навивачи на Славија влегоа на теренот. Играчите од двата тима веднаш се повлекоа во соблекувалните, додека на трибините настана целосен хаос.

Во моментот на прекинот, Славија водеше со 3:2 и беше на работ да ја освои шампионската титула. Тие се лидер во лигата со 74 бода, осум повеќе од второпласираната Спарта, а до крајот на сезоната останаа уште три кола.

Според чешките медиуми, неколку стотици домашни навивачи влегоа на теренот, некои од нив носејќи факели и димни бомби. Судијата Карел Ручек беше принуден да го прекине натпреварот поради безбедносната ситуација што излезе од контрола.

Дополнителни проблеми се појавија откако навивачите се судрија со голманот на Спарта, Јакуб Суровчик, кој го напушти теренот видливо повреден. Според извештаите, нападнат бил и Матјас Војта, како и член на медицинскиот тим на гостинскиот тим.

Спарта на крајот одби да го продолжи натпреварот, а целиот тим набрзо го напушти стадионот со автобус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот