ВИДЕО | Навивачите на Легија запалиле полицаец во Бирмингем

Фото: EPA-EFE/ROBERT PERRY

Полските навивачи се добро познати како проблематични, без разлика каде играат најчесто прават сериозни проблеми не безбедносните сили.

Така беше и во Бирмингем каде што Легија гостуваше на Астон Вила во Конференциската лига. На паркингот во близина на Вила Парк дошло до тежок инцидент помеѓу полските навивачи и полицијата, а според пишувањата на „Сан“ запален бил британски полицаец.

Полицаецот бил префрлен во болница со изгореници на телото, а во нередите биле повредени и уште четири други полицајци, два полициски коња и две кучиња.

Според проценките во Бирмингем имало околу 1.000 навивачи на Легија, иако поради инцидентите на претходните натпревари им беше забранет влез на стадионот. Тоа што останаа надвор направи да бидат уште повеќе бесни, па почнале да фрлаат со шишиња и тврди предмети кон гледачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот