ВИДЕО | Навални се пошегува за затворските услови во последното јавно обраќање

Алексеј Навални / Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални почина, соопшти затворската служба.

Последен пат беше виден во видео повик во јануари, шегувајќи се за неговата затворска облека во арктичката казнена колонија во која беше преместен еден месец претходно.

Колонијата ИК-3, наречена „Поларен волк“, се наоѓа во северниот град Харп, на околу 1.900 километри североисточно од Москва.

Се смета за еден од најтешките затвори во Русија и повеќето затвореници што се чуваат таму се осудени за тешки кривични дела.

Говорејќи пред новинарите на видеоповикот, Навални изгледаше добро расположен, шегувајќи се дека допрва треба да добие божиќна пошта, бидејќи е „прилично далеку“.

„Поларен волк“: И да може, нема каде да се бега од новиот затвор на Навални

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот