ВИДЕО | Наумоски: Делумно закрепнување на економијата во 2021, раст двете години потоа

Како последица на негативните ризици од кризата со пандемијата и негативните трендови на земјите од еврозоната, анализата на акомодативниот карактер на македонската економија покажува дека земјата се наоѓа во „доба на рецесија“ со пад на економијата (БДП) од 4,9 отсто согласно проекциите и независното мислење на монетарната власт. Додека, пак, таквите проекции даваат бројки на делумно закрепнување во 2021 година и раст во 2022 и во 2023 година, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Синиша Наумоски, економски аналитичар и член на Советот на Народна Банка.

Според тоа, моето мислење е во насока на ваквите проекции и во него преовладуваат само позитивни ризици и прогнози. Поточно сметам дека постои можност да дојде до побрзо економско закрепнување. Тоа е така, од две клучни фактори, и тоа:

Прво, најважно – во текот на првиот квартал во 2021 година, очекувам да дојде до побрза масовна употреба на вакцината (германско-американска) и подобрувања во медицинскиот третман воопшто.

Втората алтернатива е дека задравувањето ќе биде многу побрзо од првичното сценарио на ММФ. Мојата проценка е дека 2022 ќе биде година на кога ќе се вратиме на периодот или стојалиштето пред кризата, вели Наумоски.

Целиот разговор со проф. д-р Синиша Наумоски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот