ВИДЕО | Научниците го открија најстрашниот звук на светот: Предизвикува гадење, болки во стомакот, главоболка и дијареја

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Благодарение на современите технологии, научниците успеале да го рекреираат звукот на „свирчето на смртта на Ацтеките“ (Aztec death whistle), а се верува дека овој древен народ го користел уредот во своите религиозни ритуали.

Оригиналниот предмет археолозите го гледале како обична играчка со години, но благодарение на љубопитноста на еден истражувач, мрачната вистина била откриена 15 години подоцна.

Најстрашниот звук на светот, звукот на „свирчето на смртта на Ацтеките“, е рекреиран благодарение на младите научници кои стојат зад каналот на Јутјуб „Екшн лаб“ (The Action Lab). Во видеото кое го снимиле научниците може да се слушне застрашувачкиот звук, кој потсетува на „врисок на илјадници трупови“ и моментално влева „страв во коските“, пишува „Њујорк пост“ (Ny post).

Оригиналното свирче во форма на череп, кое беше откриено во деведесеттите на територијата на Мексико, на тогашните археолози на почетокот им изгледало како обична играчка. Меѓутоа, пронајдокот криел мрачна тајна, која била откриена само 15 години подоцна, кога вреден истражувач решил да дувне во него.

Како што вели англиската поговорка: „Љубопитноста ја уби мачката“ – звукот произведен од свирежот предизвикал шок и ужас кај научникот, а после тоа, овој предмет го добил своето име „Свирче на смртта на Ацтеките“. Од тогаш, научниците ја гледаа оваа реликвија со сосема други очи и решија да откријат за што всушност се користи.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Ancient Marvels of Mankind

Во овој момент постојат неколку теории за тоа за што можело да се искористи морничавото свирче. Според еден од нив, тоа служело како психолошко оружје на бојното поле, бидејќи неговиот звук навистина ја замрзнува крвта во вените. Друга теорија укажува дека Ацтеките го користеле за време на нивните религиозни ритуали и чинот на принесување жртви и верувале дека со овој звук душите на жртвите полесно ќе го најдат вистинскиот пат до задгробниот живот. Оваа теорија е најпопуларна, а за време на археолошките ископувања свирчето било пронајдено во рацете на обезглавен скелет.

Благодарение на 3Д печатачот, современите научници успеале да создадат идентична копија на „свирчето на смртта на Ацтеките“, а во таа прилика е утврдено дека внатрешноста на оваа реликвија е верна копија на обликот на човечкиот грклан. Внатре во свирчето има и специјални дрвени топчиња кои дополнително влијаат на звукот што излегува од него, а исто така прават да звучи како „вресок на илјадници трупови“.

Тимот кој стои зад овој проект нагласи дека видеото што е создадено не треба да го пуштаат чувствителни луѓе со слаб нервен систем, бидејќи тоа е вознемирувачко и може да предизвика гадење, болки во стомакот, главоболка, па дури и дијареја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот