ВИДЕО | Напуштено рибарско село кое го „проголтала“ природата е туристички хит
Времето застана во Хутуван. Ова напуштено рибарско село се наоѓа на островот Гуки, еден од речиси 400-те острови што го сочинуваат архипелагот Шенгси во Кина, пишува „Пункуфер“.
Препорачано
View this post on Instagram
Основан е во педесеттите години од минатиот век и некогаш бил дом на повеќе од 2000 рибари. Во текот на 1990-тите, населението почнало значително да се намалува поради лошите врски со копното, а до почетокот на 2000-тите, Хутуван се претворил во град на духови.
View this post on Instagram
Сега Мајката Природа го има главниот збор тука. Притаени растенија ги покриваат камените ѕидови, лазат низ прозорците и вратите на напуштените згради и создаваат зачудувачки сцени.
Напуштените куќи обраснати со густо зеленило го трансформираа ова место во мистична оаза и неочекуван туристички хит.
View this post on Instagram
Благодарение на неколку фотографии објавени на интернет, Хутуван за кратко време стана туристичка атракција што особено сакаат да ја истражат љубителите на природата и фотографијата.
Иронично, некои од жителите кои се иселија сега се враќаат на ова место секојдневно за да понудат храна, пијалоци, сувенири и туристички тури на заинтересираните посетители.


