ВИДЕО: Најлошиот фудбалски терен на светот се наоѓа во Перу

fotoX@AtaqueFutbolero

Треренот на кој се играл меч од Купот на Перу од некои медиуми е прогласен за најлошиот фудбалски терен на светот. Од видеото се гледа зошто

Вирално стана видеото од натпревар во Купот на Перу во кое се осудуваат ужасните услови на фудбалскиот терен на кој се игра.

Фудбалерите практично не можат ни да одат, па дури и се губат во грмушките кои растат во изобилство на нешто што треба да биде фудбалски терен.

Според медиумите во Перу се работи за теренот на стадионот Тупак Амару, во Сикуани, Куско. На мечот играле ФК Себолитас и Емпреса комунал де Макари.

Резултатот не е објавен, можеби топката се изгубила во грмушките.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот