ВИДЕО: Најинтересните моменти од натпреварот Македонија-Естонија!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Најдобрата македонска репрезентација со победа против Естонија од 2-1 ги продолжи натпреварите во новата сезона во Лигата на нациите и остана на првото место во групата „Ц2“.

Во првото полувреме дојдовме во водство со голот на Тричковски, претходно асистираше Спировски до капитенот.

На стартот од вториот дел не внимававме најдобро во одбраната, тоа го казни противникот преку Сапинен за израмнување.

Николов и Ристовски имаа одлични шанси за 2:1, но не ги искористија, а отпорот на Естонците беше скршен во 68. минута кога по центаршут на Елмас, „златната резерва“ Стојановски постигна погодок за конечни 2:1.

Македонија има девет бода и се наоѓа пред Грузија која има шест и пред Ерменија со пет бода. Последното коло ќе се игра на 18 ноември кога нашиот национален тим на неутрален терен во Никозија, Кипар ќе игра со Ерменците.

Ангеловски: Од нас зависи, сакаме на крајот да го освоиме првото место!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот