Фото: Слободен печат

Ангеловски: Од нас зависи, сакаме на крајот да го освоиме првото место!

Македонската А репрезентација денеска оствари важна победа во Скопје над Естонија со 2:1 во Лигата „Ц“ и ја одржува борбата за освојување на првото место во групата кое води во повисокиот ранг Лигата „Б“.

Селекторот на нашата селекција, Игор Ангеловски е задоволен од денешната победа и се надева дека на крајот ќе биде остварена уште една цел, освојување на прво место во групата „Ц2“.

– Елиф Елмас се пожали нешто на повреда на бутниот мускул, ќе видиме што ќе кажат прегледите. Ќе недостасуваат Спировски и Николов (поради жолти картони) против Еерменија, затоа ќе повикаме нови фудбалери, воглавно од средниот ред, сакам да го повикам Дарко Мицевски од Вардар, наскоро јавноста ќе биде официјално информирана за имињата, секако прво треба сите да се тестираат за ковид-19.

Сакаме да бидеме први во групата, за пласман во Лигата „Б“, на еден меч сме до остварување на целта, од нас зависи. Мораме да бидеме претпазливи, на почетокот од првите 30 минути не игравме добро, потоа наша грешка примивме гол. Во вториот дел одигравме многу подобри и тогаш ја видовме вистинската Македонија. Најважно беше да победиме. Се радувам за Стојановски, Дориев, што добиваат шанса во репрезентацијата, што е добар показател.

Имаме проблеми со Кире Ристевски, останува во изолација, не можеме да сметаме на него против Ерменија. Поради технички пропуст Тотре не беше во составот, но се надеваме дека ќе биде за следниот натпревар – изјави Ангеловски на прес конференцијата.

Последниот шести дуел ќе го играме на 18 ноември во Никозија против Ерменија. Вечерва по дуелот Грузија-Ерменија ќе дознаеме колку ќе ни биде потребно за да го обезбедиме врвот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот