ВИДЕО | Нацев: Земјишните реформи се едни од најкомплексните во секоја држава, кај нас пазарот на приватното земјоделско земјиште е нефункционален

Земјишната политика е темел на целокупната земјоделска политика, бидејќи таа одлучува како ќе земјиштето ќе се користи. Закон за приватизација е донесен 2003 година. Имаше два неуспешни обиди за негова имплементација.

Јас тој закон го нарекувам салонски закон. Сега имаме нов Закон кој од моја перспектива е напишан од луѓе кои добро ја разбираат проблематиката и претставува добра база да се започне тој процес. Деновиве се води полемика дали земјиште воопшто треба да се приватизира. Во јавноста излегоа многу апокалиптични сценарија за тоа што страшно ќе се случи ако земјиштето се приватизира. Мојата перспектива е малку различна.

-Јас би потенцирал неколку причини поради кое земјиштето треба да се приватизира. Првата причина е фактот дека во нашиот устав имаме запишано дека економијата ќе се базира на принципите на пазарната еконимија. Би требало да имаме барем малку желба да научиме нешто од другите постарите, поискусните пазарни економии од западна Европа. Таму одамна е дојдено до заклучок дека државата или државната администрација не е добар стопан или менаџер на производни ресурси и затоа тие држави не поседуваат ни рудници, ни земјоделско земјиште. Ако сакаме да научиме нешто од лично искуство, тогаш тоа е пример за тоа како не треба да се управува со државното земјоделско земјиште. Има големи неправди, мал број претпријатија со голем број концесии. Првите големи блокови земјиште се дадени кон крајот на деведесетите, па потоа полека се давани концесии на помали површини, на приватни земјоделци, но големите концесии се многу поповолни, изјави во Утрински брифинг Александар Нацев.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот