ВИДЕО | МВР го казни возачот на министерот: Со црна „шкода“ и со флешери разулавено возеше по „Партизанска“

Станува збор за возачот на министерот за здравство Азир Алиу, кој изјави дека возачот ќе сноси одговорност, но не потврди дали и самиот бил во возилото во моментот на инцидентот.

Во СВР Скопје полициски службеници утрово извршиле службен разговор со Б.Б., откако на социјалните мрежи било објавено видео на кое се гледа како лице управува службено возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки бесно вози по „Партизанска“, користејќи флешери.

Од СВР Скопје информираат дека против Б.Б. се преземени мерки согласно член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел да се санкционира прекршокот и да се обезбеди одговорност за непочитувањето на сообраќајните правила.

Полицијата апелира до граѓаните дека употребата на службени возила не им дава право на прекршување на законските прописи и дека сите инциденти ќе бидат сериозно санкционирани.

Станува збор за возачот на министерот за здравство Азир Алиу, кој изјави дека возачот ќе сноси одговорност, но не потврди дали и самиот бил во возилото во моментот на инцидентот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот