ВИДЕО | Музички времеплов: Јован Јованов и Елвир Мекиќ најавија голем концерт во арената „Борис Трајковски“
Елвир Мекиќ и Јован Јованов најавија заеднички концерт во арената „Борис Трајковски“ на 6 јуни.
Препорачано
„На 6 јуни, Јован Јованов, Елвир Мекиќ и нивните пријатели ќе ве вратат во најубавите денови на македонската музика. Со нивниот музички времеплов, хитовите на Јован и Елвир ќе ве потсетат на младоста, а помладите ќе ги запознаат со песни како ‘Итно ми требаш’, ‘Некаде после 2’, ‘Лоша девојка’, ‘Опасно’ и ‘Слаба точка’. Неизбежна ќе биде и песната ‘Адреналин’, која двајцата долгогодишни пријатели и соработници ја промовираа кон крајот на 2025 година“, велат од нивните тимови.
Јованов и Мекиќ се долгогодишни пријатели и музички соработници. Заедно снимија неколку хитови крајот на 90-тите и почетокот на 2000 година. Јован Јованов веќе повеќе од десет години живее во Канада, но редовно доаѓа во Македонија за време на Макфест, бидејќи е дел од организацијата на фестивалот, додека Мекиќ, сѐ уште живее со семејството во Сараево.
Пред неколку дена, по пауза од неколку години, Мекиќ ја претстави новата песна „Дијамант“, со текст од него, а музиката и аранжманот ги потпишува Јован Јованов.
Билетите за концертот во Скопје веќе се пуштени во продажба.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


