Жозе Мурињо/Screenshot

ВИДЕО: Мурињо се расплака на минутата молк за човекот со кого освои 23 трофеи

Жозе Мурињо не успеа да ги задржи емоциите и се расплака за време на минута молк пред натпреварот меѓу Бенфика и Виторија Гимараеш во португалското првенство.

Минута молк беше посветена на неговиот долгогодишен соработник Силвину Лоуро, со кого Мурињо работеше речиси две децении, од 2000 до 2018 година. Лоуро беше тренер на голманите во сите клубови каде што Португалецот остави трага, меѓу кои Порто, Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед и Интер.

Во заедничката соработка освоија дури 23 трофеи, меѓу кои две титули во Лигата на шампионите, три во Премиер лигата, како и трофеи во Лига Европа и Купот на УЕФА.

Кога е натпреварот во прашање, Бенфика оствари сигурна од 3:0. Џанлука Престиани го отвори резултатот во 14. минута, а Вангелис Павлидис зголеми на 2:0 во 55-та минута. Конечните 3:0 беа поставени по автоголот на Бени од редовите на Виторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот