Секретарот Ерик Скот Тарнер првата седница на кабинетот на Трамп ја почна со молитва/Фото: EPA-EFE/AL DRAGO / POOL

ВИДЕО | Молитва на првата седница на кабинетот на Трамп: Ти благодарамe, Боже, за претседателот

Првиот состанок на кабинетот на Доналд Трамп, по неговиот реизбор на највисоката функција во САД, започна со молитва вчера во Белата куќа. Секретарот за домување и урбан развој, Скот Тарнер, зеде збор на отворањето на состанокот и побара божествено водство за новата американска администрација, притоа изразувајќи благодарност до Бога за реизборот на Трамп и за можноста дадена на присутните официјални лица да ѝ служат на земјата.

„Ти благодариме, Боже, за претседателот Трамп… се молиме да им дадеш мудрост на претседателот и потпретседателот да водат“, рече меѓу другото Тарнер.

Тарнер нè потсети дека „Библијата вели дека Божјите благослови се нови секое утро“. Понатаму, тој се молеше за морална јасност во лидерството, нагласувајќи ја потребата од понизност и правда.

„Благословен е народот чиј Бог е Господ“, рече меѓу другото министерот за урбан развој, повторувајќи ја намерата на новата влада да ја врати вербата во земјата и да му оддаде чест на Бога преку денешните одлуки и разговори.

Републиканскиот претседател, кој беше фатен на камера како внимателно ја слуша молитвата со наведната глава, потоа му честиташе на Тарнер за елоквентниот начин на изразување и му се заблагодари, оценувајќи дека ќе ја направи Белата куќа горда со работата што ќе ја постигне на новата функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот