ВИДЕО | Мојсоска-Блажевски: На земјата и треба надпартиска политика на постковид економија

Претходниве три дена беше организиран самитот Македонија 2020. Она што ние одлучивме е да го земеме во предвид сегашниот контекст пандемијата, економската криза, но да се фокусираме на убавите нешта, и да ги земем позитивните практики. Она што би рекла е дека во овие три дена 140 учесници на платформата се поврзаа преку состаноци, така што сме задоволни, изјави во Утрински брифинг, проф. Никица Мојсоска – Блажевски од Македонија 2025.

-Многу е побезбедно да работите на микро ниво, да се помага на домашни компании, даваме стипендии за талентирани учемници, се тоа се прекрасни програми, но мислам дека како релативно силна организација, фондација, имаме општествена обврска да се обидеме да направиме промена во општеството или на повисико или на макро ниво. Во таа насока ја подготвивме платформата „За просперитетна иднина“. Тоа е документ во кој се фокусираме на седум приоритти, односно идентификуваме седум приоритети, кои сметаме дека се важни за долгорочен развој. Тоа и ние главната порака: Ајде да мислиме на иднината, бидејќи она што сега ќе го направивме ќе влијае на иднината. Не може да чекаме, вели Блажевска и додава дека минатото мора да го прифатиме, но да мислиме на иднината.

Втората порака е: Ајде да пробаме да се обединиме околу овие седум приоритети. Морам да кажам дека планираме да зборуваме со политичките лидери на најголемите партии, со меѓународната заедница, институциите, академијата. До сега иаме реализирано неколку состаноци и морам да кжам дека одлично сме прифатени. Тоа дава знак дека ваква платформа е неопходна. Мислам дека ќе истраеме.

Целиот разговор со проф. Никица Мојсоски – Блажевска од Фондација Македонија 2025 погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот