ВИДЕО | Модно шоу на бремената Бритни: Едвај успеав да влезам во панталоните
Оние генерации кои растеа во времето кога Бритни Спирс беше на врвот на сите светски топ-листи, многу добро се сеќаваат на фактот дека таа беше најголема модна икона, девојка која беше инспирација за бројни девојчиња ширум светот. Но, и ден-денес принцезата на поп-музиката претпочита да објавува модни комбинации во кои се чувствува убаво.
Препорачано
Пред неколку дена, Бритни ги израдува своите обожаватели со веста дека повторно ќе стане мајка и, поради оваа убава причина, таа одлучи да ги облече своите омилени парчиња облека пред да ѝ станат мали.
„Морам да позирам во мојата облека пред да почне да ми се појавува стомачето. Всушност, јас веќе имам мало стомаче овде, но барем успеав да влезам во панталоните. Иако, едвај“, напиша Бритни во описот на видеото кое го објави на Инстаграм.
Како потсетување, ова ќе биде прво заедничко дете на Сем Асгари и Бритни Спирс, која веќе има двајца синови од првиот брак со танчарот Кевин Федерлајн – 16-годишниот Шон Престон Федерлајн и 15-годишниот Џејден Џејмс Федерлајн.
View this post on Instagram
Бритни Спирс објави дека е бремена: Пејачката го очекува третото дете


