Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

ВИДЕО: Митревски ја има една од најдобрите одбрани на колото во ЛШ

Никола Митревски беше меѓу најзаслужните за големиот триумф на Еурофарм Пелистер над ПИК Сегед во Битола (25-24), а македонскиот голман се најде и меѓу авторите на најатрактивните одбрани во колото.

Митревски блескаше со низа сигурни интервенции и дури двапати погоди во празната мрежа од својата половина. Неговата одбрана по 11 минути игра, во момент кога гостите имаа постигнато само еден гол е избрана за втора најдобра во седмото коло. Пред него се најде единствено Микел Молер од ПСЖ, а зад Митревски на листата останаа Клемен Ферлин (Киелце), Никола Непарт (Колштад) и Емил Нилсен (Барселона).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот