Фото: EPA/ENRICO MATTIA DEL PUNTA

ВИДЕО | Милан во финишот до триумф над Пиза во Серија А

Фудбалерите на Милан денеска во рамките од 25 коло од Серија А на гостински терен минимално триумфираа над екипата на Пиза.

„Росонерите“ ги освоија сите три бода, но го направија тоа потешко од очекуваното, бидејќи отпорот на сериозен кандидат за испаѓање беше скршен дури на крајот од регуларниот дел од натпреварот – 1:2 (0:1).

Милан поведе преку Рубен Лофтус-Чик во 39 минута со удар од тешка ситуација за 1:0 и со тој резултат се отиде на пауза.

Гостите пропуштија шанса во 56 минута да ја зголемат предноста преку Филкруг кој не реализираше пенал.

Домашните играчи успеаја да израмнат во 71 минута благодарение на погодокот на Лојола.

Во 85 минута Милан дојде до важен триумф со голот на Модриќ по асистенцијата на Ричи.

Во самиот финиш од средбата (90+1`), кај гостите поради неспортски потег црвен картон доби Рабио.

На табелата во италијанското првенство Милан е второто место со 53 бодови, пет помалку од водечкиот Интер, додека Пиза останува на последното место со 15 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот