Милан Илоски/Screenshot-YouTube

ВИДЕО | Mилан Илоски даде хет-трик за едно полувреме, но неговиот тим загуби од Интер Мајами

Фудбалерот со македонско потекло, Милан Илоски, беше еден од главните актери во неверојатниот натпревар меѓу Интер Мајами и Филаделфија, кој домаќините го добија со 6-4.

Илоски уште на стартот покажа дека ќе има своја вечер, па со головите во 3. и 10. минута ѝ донесе водство од 2-0 на Филаделфија.

Средбата потоа прерасна во вистинска голеада со дури осум погодоци во првото полувреме. Македонскиот напаѓач својот трет гол го постигна во судиското продолжение од првиот дел, кога израмни на 4-4 и комплетираше хет-трик.

На спротивната страна блескаше и Луис Суарез, кој исто така постигна три гола и беше меѓу најзаслужните за победата на Интер Мајами. Меси натпреварот го заврши со две асистенции, но и со повреда, откако во 73. минута директно замина кон соблекувалната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот