ВИДЕО | Мила Кунис разоткри: Ештон Качер бил хоспитализиран два пати заради панкреатитис

ештон качер мила кунис
Фото: Принтскрин / Instagram

Тоа е „глупав“ метод кој глумците го применуваат според Мила Кунис. И никој не може да ја обвини, откако нејзиниот сопруг Ештон Качер заврши во болница по неговото применување – и тоа два пати!

Се работи за рестриктивна диета која Ештон ја применувал при снимањето на филмот за Стив Џобс. Диетата се содржи најмногу од овошје, зрна и житарки, и фактот што на таа диета се консумира многу зеленчук го довело Ештон до состојба на панкреатитис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DKODING (@dkodingmedia)

„Тој го омекнува тоа. Тој е глупав. Исто така во еден момент тој јадеше само грозје. Тоа е толку глупаво“, изјави Кунис во послендата епизода на жешкото столче на „YouTube“ емисијата „Hot Ones“.

„Завршивме во болница, и тоа два пати, со панкреатитис. Значи, факт, глупаво е“, рече 38-годишната актерка.

Во 2013 година Качер го глумеше основачот на компанијата „Apple“, Стив Џобс во монографскиот филм „Jobs“. Дел од влегувањето во улогата било токму и применувањето на строгата овошна диета на Стив Џобс. Откако конзумирал огромна количина сок од морков Ештон започнал да чувствува екстремни болки во грбот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jules Reyes Eusebio (@juleseusebio)

„Две недели пред да започнеме со снимањето, одеднаш почувствував болка во грбот и во текот на ноќта се влошуваше се повеќе и повеќе и повеќе… Завршив во болница со максимална доза на дилаудид затоа што мојот панкреас беше надвор од контрола“, изјави Качер во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот