ВИДЕО | Meкгрегор удрен од автомобил додека возел велосипед

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL (Left) - Screenshot (Right)

Контроверзниот ирски борец Конор Мекгрегор бил удрен од автомобил додека возел велосипед на локалниот пат.

Мекрегор објави и видео од моментот на удар, а може да се забележи дека велосипедот е уништен.

За среќа Ирецот поминал без посериозни повреди, но додаде дека тоа се должи на неговото познавање на боречки вештини.

„Благодарен сум на познавањето за борењето и џудо вештината. Начинот на кој слетав по ударот ми го спаси животот“, порача Конор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот