ВИДЕО | Меган Маркл повторно во улога на готвачка: Објавен трејлерот за втората сезона од „Со љубов, Меган“.
Втората сезона од емисијата „Со љубов, Меган“ на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, пристигнува на Нетфликс на 26 август.
Препорачано
Во првиот трејлер, објавен не долго откако дознавме дека Нетфликс го обновил договорот со принцот Хари и неговата сопруга, ја гледаме Меган како прави ракотворби со моделот Криси Тајген и подготвува јастог со познатиот готвач Хозе Андрес.
„Ми се допаѓа идејата да поминуваме време заедно и да наоѓаме нови начини да им покажеме на луѓето дека ни е грижа“, вели Меган во краткото видео.
Во епизодите, таа ќе прави различни декорации од цветни ливчиња, грнчарија и домашни џемови, кои ги продава преку својот бренд „Како и секогаш“.
Во новата сезона, која има осум епизоди од по половина час, ќе бидат гости познати имиња како Кристина Тоси, Клер Смит, Даниел Мартин, Дејвид Чанг, Хедер Дорак, Џејми Керн Лима, Џеј Шети, Ради Девлукија, Самин Носрат и Тан Франс.
Серијата ја следи Меган додека готви, споделува совети за уредување на домот и начин на живот, покажувајќи им на гледачите како можат да го освежат својот животен простор на едноставен начин. Снимањето не се одвива во нејзината вистинска куќа, туку во блискиот имот во Монтесито, пишува „Вараети“.
Објаснувајќи ја одлуката, Меган претходно рече: „Кога луѓето прашуваат: ‘Зошто не снимате дома?’ – па, моите деца се враќаат дома од училиште и си спијат, а осумдесет луѓе во кујната не е баш спомен од детството што сакам да им го оставам“.
Првата сезона на „Со љубов, Меган“, која премиерно се прикажа на 4 март, забележа 5,3 милиони прегледи и се најде на 383-то место на листата на Нетфликс за првите шест месеци од 2025 година.
И покрај фактот дека серијата доби многу негативни коментари на социјалните мрежи и има просечна оценка од само 3,2 поени на платформата IMDb, Нетфликс ја сними и втората сезона, а голем број негативни коментари може да се видат во коментарите на трејлерот.
Додека некои ја обвинуваат Меган што се дистанцираше од кралско семејство заедно со нејзиниот сопруг принцот Хари, други го насочуваат вниманието кон гостинката Криси Тајген, која еднаш беше во центарот на скандал откако нејзините коментари со говор на омраза се појавија на интернет.


