ВИДЕО | Меган и Хари се запознале на Инстаграм, еве што сѐ открија во документарецот

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Нетфликс

Нетфликс премиерно ги прикажа првите три епизоди од документарниот филм „Harry & Meghan“, што е своевидна исповед на кралската двојка која го напушти британскиот двор и се откажа од сите кралски титули преселувајќи се во Америка.

Како што самиот Хари рече во документарецот, „тој морал да го заштити семејството“ и дека голема количина на омраза била насочена кон Меган Маркл и нивниот син Арчи Харисон. Војвотката од Сасекс се расплакала пред камерата и изјавила дека само сакала да побегне од сѐ и дека „не знае што друго повеќе да каже“.

Светот во последните денови зборува за новиот документарен филм на Нетфликс „Harry & Meghan“, во кој поранешните членови на кралското семејство ги откриваат „валканите тајни“ на Виндзор. Меган Маркл претходно го обвини кралското семејство и персоналот за расизам, а сега зборува и за „ријалити свршувачка“.

Меган и принцот Хари својата објава за свршувачката ја нарекоа „организирано реално шоу-програма“ во третата, од шесте епизоди што ќе се емитуваат на Нетфликс.

„Никогаш не ни беше дозволено да зборуваме за ова – до сега“, рекле Хари и Меган на почетокот на епизодата.

Во документарниот филм се појавува и Дејвид Олусога, авторот на книгата „Black and British“, кој вели: „Кој би помислил дека Британија ќе има црна принцеза?“, а потоа со коавторот Афуа Хирш открива дел од британската историја за трговијата со робови, која „ја изградила британската империја“.

Поврзувајќи ја историјата со кралската двојка Меган и Хари, Олусога вели дека „кралското семејство фатила чекор со остатокот од Британија“.

Подоцна во интервјуто, Меган открива дека ѝ било тешко да ги прифати и разбере секојдневните обврски што ги има кралското семејство, додека Хари вели дека „може да ѝ помогне само околу протоколот“.

„Она што навистина не го знаев е сè што се однесува на начинот на облекување, однесување… сѐ ми беше туѓо“.

Меган се присетува дека се грижела за секој фустан и мислела „дали обетките се дело на некој британски дизајнер“… Хари тогаш ја пофалил и рекол „дека среќен што е покрај него и дека, иако не се нималку лесни сите тие  должности, Меган направила да изгледаат лесно“.

Во документарецот се појавува и пријателката на Меган Маркл, Џил Рот, која вели дека знаела дека новинарите ќе се обидат да контактираат со сите што ги познава, но дека не очекувала „дека ќе ја следат низ Лондон“. Друга пријателка ги нарекла британските новинари безмилосни, додека мајката на Меган Маркл рекла дека се чувствувала несигурно.

Во серијата се прикажани и првите фотографии од нивниот син Арчи, како и дека Меган не знаела многу за принцот Хари пред да го запознае.

Хари исто така, рекол дека нивен пријател им препорачал да ги документираат последните неколку години од нивниот живот поради „дезинформациите“ околу нивната одлука да се повлечат од функцијата на повисоки членови на кралското семејство.

„Изгледаше како навистина разумна идеја“, вели Хари, а Меган додава: „Бевме свесни за тоа да ги заштитиме нашите деца најдобро што можеме и да ја разбереме улогата која тие ја играат во историското семејство“.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Инаку, за првата епизода од документарецот Хари и Меган одбрале да кажат дека се запознале преку Инстаграм, зборувале за првото запознавање и за првото рандеву, пишува „Си-ен-ен“.

„Ги прегледував објавите и еден мој пријател имаше видео од него и Меган на Снепчет“. На таа фотографија Меган користела филтер со лице на куче.

„Си помислив: ‘Која е таа’“, додал принцот.

Потоа заеднички пријател ѝ рекол на Меган дека Хари се распрашува за неа.

Меган прашала „кој е тоа и дали може да го види неговиот инстаграм-профил“.  И останатото е веќе историја…

Фото: Нетфликс

Документарецот предизвика лавина од коментари, позитивни и негативни, некои ја одобруваат одлуката на Меган и Хари, додека други ги критикуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот