ВИДЕО | Маж и го зема микрофонот и го прекина говорот на активистката Грета Тунберг

Маж и го зема микрофонот и го прекина говорот на активистката Грета Тунберг / Фото Твитер

Говорот на младата активистка Грета Тунберг на големиот протест за климата во Амстердам вчера беше прекинат од маж кој упадна на бината. Човекот рече дека „дошол овде за демонстрации за климата, а не за политички ставови“ додека се обидувал да го земе микрофонот од рацете на Тунберг.

Непосредно пред инцидентот, од толпата се слушнаа извици „Палестина ќе биде слободна“. Претходно на собирот, организаторите го прекинаа говорот на една активистка откако таа ја употреби фразата „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Многу еврејски групи велат дека слоганот, користен на протестите ширум светот, е повик за уништување на Израел. Пропалестинските активисти тврдат дека повеќето луѓе кои го користат бараат да се стави крај на израелската окупација на Западниот Брег и блокадата на Газа, а не на елиминација на самиот Израел.

Откако човекот беше отстранет од бината, Тунберг се придружи на толпата во скандирањата: „Нема климатска правда во окупирана земја“.

Минатиот месец, шведската активистка беше на удар на критики откако сподели пропалестински пораки на социјалните мрежи, при што некои ја обвинија дека не покажува поддршка за израелските жртви на нападите на Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот