ВИДЕО: Маж допре новинарка за задникот додека таа известуваше во живо, полицијата веднаш го уапси

фото: Твитер, маж нападна новинарка пред камера

Шпанската полиција уапси маж под сомнение дека сексуално ја нападнал новинарката Иса Баладо, односно ја допирал по задникот за време на директен телевизиски пренос.

Во екот на јавната дебата за сексизмот и сексуалната злоупотреба, која во Шпанија ја поттикна бакнежот на претседателот на Шпанската фудбалска асоцијација Луис Рубиалес и фудбалерката Џенифер Хермосо по финалето на Светското првенство, се случи уште еден инцидент пред камери.

Шпанската полиција уапси маж под сомнение дека сексуално ја нападнал новинарката Иса Баладо, односно ја допрел по задникот за време на директен телевизиски пренос.

Баладо известувала за грабеж во Мадрид пред два дена, кога маж и пришол одзади и ја допрелза задникот, па ја прашал за кој ТВ канал работи.

Новинарката се обидела да продолжи со вклучувањето во програмата, но ја прекинал водителот Начо Абад, кој прашал дали човекот штотуку ја допрел.

Кога Баладо потврдила, Абад побарал да го донесе, како што тој го нарече „идиотот“ пред камера.

Новинарката го праша мажот зошто ја допира кога е во емисија во живо и не може ниту да го види ниту да се брани, тој негирал дека направил такво нешто.

Пред да си замине мажот се обиде да ја допре новинарката и по главата.

Полицијата на Твитер објави дека е уапсен маж под сомнение дека сексуално нападнал новинарка додека таа известувала во живо.

Шпанската министерка за труд Јоланда Дијаз рече дека уапсениот не треба дапомине  неказнето.

„Тоа е мачизам што предизвикува новинарките да трпат вакви сексуални напади“, напиша Дијаз на Твитер.

Поддршка на новинарката објави и министерката за еднаквост, Ајрене Монтеро, која посочила дека допирањето без согласност е сексуално насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот