ВИДЕО: Масовна сообраќајка со 100 возила на автопат во Висконсин

Голема сообраќајка во Висконсин: Фото Twitter Screenshot

Масовна сообраќајна несреќа се случила во американската сојузна држава Висконсин во која учествувале 100 возила.

Несреќата се случила покрај патот I94 во округот Џексон, пишува Си-Ен-Ен.

Во судирот учествувале камиони и патнички возила, јавуваат локалните медиуми.

Според локалната полиција, во тој реон паѓал леден дожд кој создал крајно опасни услови на патот.

Засега државната полиција и Брзата помош не можеа да понудат попрецизни информации за повредени, но беше констатирано дека патот е блокиран, а граѓаните се предупредени да го избегнуваат тој правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот