ВИДЕО | Марк Рафало жестоко го нападна Трамп на Златните глобуси: Тој е педофил и силувач!
Американскиот актер Марк Рафало жестоко го нападна Доналд Трамп на црвениот тепих на Златните глобуси, нарекувајќи го „педофил“. Рафало на доделувањето на наградите се појави со беџ на кој пишуваше „Биди добар“, оддавајќи почит на Рене Никол Гуд, жена која беше убиена во Минеаполис од агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE).
Препорачано
Изјавите на Рафало на црвениот тепих
Рафало ја објасни симболиката на беџот и упати остри критики кон американскиот претседател.
„Ова е за Рене Никол Гуд, која беше убиена“, изјави актерот. „Се наоѓаме среде војна со Венецуела, земја што нелегално ја нападнавме. Тој му порачува на светот дека меѓународното право не му значи ништо. Единствено што му е важно е сопствениот морал, а станува збор за осуден криминалец, осуден силувач.“
Рафало продолжи со уште пожестоки обвинувања:
„Тој е педофил. Тој е најлошиот човек. Ако судбината на најмоќната држава во светот ја препуштаме на моралот на таков човек, тогаш сите сме во сериозна опасност.“
Mark Ruffalo stands on the right side of History.
Mark, Thank you for saying what most of the world are also screaming!
📍Golden Globes. pic.twitter.com/NiAISZ27ME— Earth Hippy 🌎🕊️💚 (@hippyygoat) January 12, 2026
Контекст на обвинувањата за силување
Тврдењето дека Трамп е „осуден силувач“ се однесува на граѓанската парница од 2023 година, во која судот утврдил дека Трамп е одговорен за сексуално злоупотребување на писателката Е. Џин Керол, но поротата не донела пресуда за силување според тогашната законска дефиниција во сојузната држава Њујорк, пренесува „Пипл“.
Обвинувањата за педофилија
Од друга страна, Доналд Трамп никогаш не бил обвинет ниту осуден за кривични дела поврзани со педофилија. Ваквите тврдења се појавија во контекст на неговото споменување во документи поврзани со Џефри Епстин.
Трамп тврди дека ги прекинал односите со Епстин пред да биде осуден и во повеќе наврати негирал каква било вмешаност во незаконски дејствија. Во досега објавените документи нема докази кои би укажувале дека Трамп извршил кривични дела од таков вид.


