ВИДЕО: Марио Балотели доживеа тешка сообраќајна несреќа

фото: принтскрин/youtube.com/@diarioas

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели доживеа тешка сообраќајна несреќа во Бреша. Во четвртокот вечерта Балотели помина без посериозни последици, иако сцената од местото на несреќата изгледа страшна.

„Аудито“ кое го управувал фудбалерот било уништено откако тој удрил во бетонски ѕид.

Според првичните информации, Балотели возел со несоодветна брзина кога изгубил контрола над возилото и удрил во ѕидот.

На видеото снимено на местото на несреќата се гледа моментот кога фудбалерот излегол од автомобилот.

Според информациите нема поголеми повреди, но на видеото се гледа дека тешко оди.

Балотели, чија цела кариера беше проследена со скандали и контроверзи, моментално е фудбалер на турскиот клуб Адана Демирспор, за кој сезонава постигна три гола на пет натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот