ВИДЕО | Марија Шерифовиќ со кислородна маска: Пејачката ги загрижи своите фанови

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ ги загрижи своите следбеници со нова објава на социјалните мрежи. Имено, Марија на својот инстаграм – профил објави кратко видео на се гледа дека пејачката држи маска за кислород додека лежи во темна просторија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

„Уф“ – напиша кратко Шерифовиќ во описот на видеото.

По објавата на оваа пејачка, многу нејзини обожаватели се загрижија за нејзиното здравје, а многумина ја прашаа дали е се во ред.

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ неодамна се најде во центарот на вниманието по нарушување на јавниот ред и мир во нејзиниот роден град. На „Твитер“ се прошири видео од српската пејачка како вика и удира со тупаници по својот автомобил среде Белград, расправајќи се со непознато лице.

Покрај неа на видеото се гледа и една жена која се обидува да ја смири.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Имено пејачката си ја повредила раката удирајќи во автомобилот. Неколку дена по инцидентот кој се случил ноќта меѓу 8 и 9 август, Марија на настап се појавила со рака во завој. Иако тогаш тврдеше дека се повредила додека ѝ помагала на мајка си, српските медиуми пишуваат дека повредата настанала кога со раката удрила во автомобилот.

ВИДЕО | Марија Шерифовиќ пцуе и удира по автомобилот среде Белград: Пејачката откри што се случило

Српски медиуми: Марија Шерифовиќ збеснала бидејќи дознала дека нејзината партнерка ја изневерува, си ја повредила раката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот