Српски медиуми: Марија Шерифовиќ збеснала бидејќи дознала дека нејзината партнерка ја изневерува, си ја повредила раката

Марија Шерифовиќ
Марија Шерифовиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Твитер

Српските медиуми не престануваат да пишуваат за инцидентот кој неодамна се случил среде Белград, во чиј центар беше српската пејачка Марија Шерифовиќ.

Викендов на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа и слуша како Шерифовиќ вика и удира со тупаници по својот автомобил среде Белград, расправајќи се со непознато лице.

ВИДЕО | Марија Шерифовиќ пцуе и удира по автомобилот среде Белград: Пејачката откри што се случило

Имено пејачката си ја повредила раката удирајќи во автомобилот. Неколку дена по инцидентот кој се случил ноќта меѓу 8 и 9 август, Марија на настап се појавила со рака во завој. Иако тогаш тврдеше дека се повредила додека ѝ помагала на мајка си, српските медиуми пишуваат дека повредата настанала кога со раката удрила во автомобилот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Сега се појавија и гласини кои тврдат дека Марија збеснала затоа што наводно „нејзината партнерка во автомобилот ѝ признала дека ја изневерила“.

„Конфликтот настанал поради класична љубомора. Марија била со пријателката и партнерката во автомобилот. Сè било во ред до моментот кога нејзината партнерка признала дека ја изневерила. Тогаш Шерифовиќ „полудела“. Таа изгубила контрола, го запрела возилото за да не предизвика сообраќајна незгода“, изјави за српски „Курир“ непознат извор.

„Ќе ти ја е*ам мајката“, се слуша на почетокот на видеото, по што Марија се доближува до својот автомобил и го удира со тупаница. До неа имаше жена која се обидуваше да ја смири. „Одговори ми“, се слушна кога Марија влезе во автомобилот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Викендов за инцидентот се огласи и пејачката која откри што се случило.

„Иако тоа не е ничија грижа, добив некои лоши информации на приватен план. Единствениот на кој треба да му се извинам е мојот автомобил и сите што можеби сум ги разбудила“, изјави Марија за српски „Курир“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот