ВИДЕО | Маричиќ: Вангеловски и Маневски ме напаѓаат за влијание врз судството, а тие беа симбол на заробено судство

Бојан Маричиќ, министер за правда/Фото: Слободен печат

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на Утрински брифинг се осврна на хајката која се поведе против него откако на Фејсбук објави реакција на одлуката на Апелација за ослободување на Мијалков од притвор и апелираше до Судскиот совет да преиспита по кој основ судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети ја донеле оваа одлука ако се има предвид претходното бегство на обвинетиот поранешен шеф на УБК.

-Ниту на каков било начин имам влијаено врз одлуките на судот. Само упатив само повик до судиите да си ги дообјаснат своите одлуки. Кога имаше криза со обидот за бегството или полуобидот за бегство на Мијалков прстот беше вперен кон извршната власт. Сметам дека независното судство треба да си ги објасни своите одлуки на јавноста. Не може секогаш поради некои неиздржани одлуки на судиите и обвинителствата секогаш да биде виновна извршната власт. Ништо лично против Мијалков не сум имал, рече Маричиќ.

Тој нагласи дека единствен притисок врз Судскиот совет бил да си ја врши работата чесно, одговорно и професионално во рамките на законот.

-Ако јас сум користел полуги за некаков притисок тоа секако нема да било јавно, преку Фејсбук статус.  Јово Вангеловски и Михајло Маневски многу добро знаат дека не би реагирал јавно преку Фејсбук. Во тоа време немаше Фејсбук статуси но имаше многу други механизми кои се напишани во меѓународни извештаи. Јас немам потреба јавно да реагирам, ако би сакал и ако би можел да влијаам на судството,

Тој потсети дека исти реакции имало и пред една година кога барање за притвор побара обвинитеството, а одлуката ја донесе судот.

-Јас и за овој случај дознав од јавноста. Инаку, имињата на судиите кои ги споменав ги дознав од луѓе внатре во судот и не велам дека тоа е правилно. Ние немаме друг начин како извршна власт да се одбраниме од нападите освен да ја повикаме судската власт да ги образложи одлуките, без да влијаеме какви ќе бидат тие. Инаку имавме и една ослободителна пресуда за Мијалков и тогаш никој не реагираше, зошто судот ја образложи таа пресуда, нагласи Маричиќ.

-Целта ми е да ја повикаме судската фела на отчетност пред јавноста. Ништо повеќе. Вангеловски и Маневски е трагикомично мене ме напаѓаат за влијание врз судството, а тие беа симбол на заробено судство. Сега толку многу е различно судството и апсолутно е смешно да се споредува. Маневски е причина поради која ЕК и Венецијанската комисија препорача министерот да не присуствува на сесисите на Судскиот совет. Има шест разрешувања на судии од Маневски кои паднаа во Стразбур и за кои државата плаќа оштета. Вангеловски е избран за претседател на Врховен суд кој беше именуван без ден работа како судија. Има кривична пријава за манипулации со притворски случај. Има пријави за злоупотреби на службената должност. Сакав да објаснам кои се ударна тупаница против мене, рече Маричиќ додавајќи дека клучно е довербата да ја имаат граѓаните дека тие одлуки.

Со новиот буџет ќе има покачување на буџетот и судството и обвинителството, и има покачување на  платите во целиот сектор од 15 проценти што ќе биде искористено за да имаат доволно ресурси за вршење на своите должности и да бидат независни во својата работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот