Мараја Кери на отворањето на ЗОИ 2026 / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Мараја Кери мета на жестоки критики поради пеење на плејбек на отворањето на ЗОИ

Американската пејачка Мараја Кери се најде на удар на критики поради наводно очигледно пеење на плејбек за време на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри 2026 во Милано. Таа се појави на сцената во раскошна бела тоалета, но наместо пофалби, нејзиниот настап брзо предизвика потсмев на интернет, пишува „Дејли мејл“.

Изведбата на познатата песна „Volare“ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што дел од гледачите тврдеа дека пеењето изгледало неприродно. Според нив, во одредени моменти се забележувало несинхронизирано движење на усните со музиката, што дополнително ги поттикнало шпекулациите за плејбек. Критиките се појавиле речиси веднаш, уште додека настапот траел.

– Со години немам видено полош плејбек настап – напиша еден револтиран корисник на платформата Икс.
– Еден од најлошите плејбек настапи на Мараја Кери… па Италија има свои пејачи! – додаде друг.

Една објава посочи повеќе проблеми со настапот.

– Ја гледам Мараја Кери на отворањето на Олимписките игри… изгледа вкочането, пее на плејбек и делува како да чита од телепромптер.

– Плејбекот на Мараја Кери изгледа навистина лошо – коментираше уште еден корисник.

На многумина најмногу им пречеше, според нив, нејзината лежерност на сцената.

– Најлошо е што Мараја Кери ни не се обидува да сокрие дека пее на плејбек.
– Мараја Кери воопшто не го пее ова, го мразам плејбекот – напиша друг разочаран гледач.
– Навистина не ми е јасно зошто Американката Мараја Кери пее на плејбек на отворањето во Милано – се запраша еден корисник.

Инаку, Кери нема италијанско потекло — родена е во семејство со ирски и афро-венецуелски корени. Таа е позната по својот голем вокален опсег и долгогодишна музичка кариера, па токму затоа нејзиното вклучување во програмата уште од најавата предизвика различни реакции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот