Фото: AC Milan

ВИДЕО: Мањан правеше чуда на голот, Пулишиќ стрелаше за победа, Милан го доби Интер во градското дерби

Во едно возбудливо дерби со многу шанси Милан славеше над градскио ривал Интер во рамките од 12. коло во Серија А.

Херој на „росонерите“ без дилеми беше голманот Мајк Мањан кој имаше неколку тешки интервенции, а освен тоа одбрани и пенал. Се играше 74. минута кога екс-фудбалерот на Милан, Хакан Чалханоглу доби прилика од белата точка да израмни, но Мањан го одбрани неговиот удар.

Претходно Мањан беше и поуспешен во неколку дуели со Лаутаро Мартинез. Маркус Турам, Сучиќ…Победничкиот гол за Милан беше дело на американскиот репрезентативец, Кристијан Пулишиќ во 54. минута од средбата.

 

За Интер ова беше четврти пораз во сезоната, но дури три од тие порази се во дерби средбите, покрај Милан, „нераѕурите“ сезонава загубија и во пресметките со Наполи и Јувентус.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот