ВИДЕО: Манџукиќ имаше успешни прегледи, наскоро потпис со Милан!

Фото: EPA-EFE/MOURAD BALTI TOUATI

Според италијанските медиуми Марио Манџукиќ имаше успешни лекарски прегледи и неговиот договор ќе го потпише во текот на утрешниот ден со „росонерите“.

34-годишниот Хрват во денешните утрински часови беше во клиниката „Ла Мадонина“ каде што ги имаше медицинските тестови. Се очекува прво напаѓачот да потпише договор со Милан кој ќе трае до крајот на сезоната.

Автоматски ќе го продолжи договорот за уште една сезона доколку клубот од „Сан Сиро“ се квалификува за Лигата на шампионите.

 

Воедно одредени извори во Италија велат дека ќе заработува 1,8 милион евра годишно. Според „Калчомеркато“ хрватскиот интернационалец ја одбил понудата од четири милиони евра од турскиот Бешикташ.

Потсетување дека поради позитивните тестови на ковид-19, вечерва составот на Стефано Пиоли против Каљари ќе биде без Хакан Чалханоглу, Тео Ернандес, Раде Круниќ и Анте Ребиќ, како и повредениот Исмаел Бенасер, а Леао ќе недостасува поради жолти картони.

Озил ја продолжува кариерата во Фенербахче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот