Озил ја продолжува кариерата во Фенербахче

Фото: twitter.com/Fenerbahce

Германскиот играч за врска го напушти клубот од „Емирати“ после седум и пол години и наскоро ќе настапува за Фенербахче.

Месут Озил прави трансфер во еден од најпознатите турски клубови, а го раскина договорот со Арсенал кој истекуваше на 30 јуни 2021 година. Така, како слободен играч отпатува во Истанбул и го подигна сино-жолтиот шал.

Не беше во плановите на менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, и практично една година немаше настап. Прифати да му се исплатат пет милиони евра за прекин на соработката, му должат уште осум, но на крајот тие се среќни што „заштедија“ околу три милиони, доколку тоа воопшто може да се нарече заштеда.

Озил пристигна во Арсенал летото 2013 година од Реал Мадрид и започна одлично во новиот клуб, а откако Арсенал го продолжи договорот со него во зимата 2018 година – тука се појавија проблемите.

Креативниот играч за врска беше неупотреблив во системите на Унаи Емери и Артета, тој изгледаше незаинтересиран на теренот, а по покрај тренерите, доби многу критики и од навивачите, па сите страни едвај чекаа на разделбата која можеше да се случи и многу порано.

Дали 33-годишниот Озил ќе успее во Фенер да ја врати вистинската форма, останува да видиме..Да додадеме уште дека со лондонскиот клуб трипати го освои ФА купот, еднаш ФА Комјунити Шилд, а беше по еднаш финалист во Лига купот и Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот