Фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

ВИДЕО: Манчестер сити не го победи најслабиот тим во Премиер лигата и си направи проблем во борбата за ЛШ

Манчестер Сити направи неочекуван кикс во финишот од сезоната додека е во борба за место во Лигата на шампионите. Избраниците на Пеп Гвардиола одиграа само 0-0 на гостувањето кај веќе испаднатиот Саутемптон, што може скапо да ги чини во завршницата на шампионатот.

На „Сент Мери“, актуелниот шампион настапи како апсолутен фаворит и доминираше во сите статистички сегменти со над 25 удари кон голот на домаќините, но без ефект. Саутемптон го издржа притисокот и успеа да освои бод кој на табелата не им значи ништо.

Највозбудлив натпревар од попладневната програма беше одигран во Лондон, каде што Евертон славеше со 1-3 на гости кај Фулам. „Карамелите“ покажаа карактер, иако домаќините поведоа преку Хименез, следуваше одлична реакција: Миколенко, Кин и Бето со што режираа пресврт.

Победи забележаа и Брентфорд и Брајтон. Брентфорд минимално славеше на гости кај Ипсвич со 0-1, благодарение на погодокот на Шаде во 18. минута. Брајтон пак беше посигурен на свој терен, совладувајќи го Вулверхемптон со 2-0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот