ВИДЕО: Манчестер јунајтед со неверојатен пресврт во финишот го совлада Брентфорд

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед со пресврт триумфираше против Брентфорд (2:1), а двата гола во судиското надополнување за „црвените ѓаволи“ ги постигна Скот Мектомини.

Играчите на Ерик тен Хаг ја прекинаа низата од три порази во сите натпреварувања и запиша важна победа во Премиер лигата.

Брентфорд на „Олд Трафорд“ водеше од 25 минута кога по лошата интервенција на Линфелеф, Јенсен го совлада Онана.

Манчестер јунајтед со сите сили тргна да го избегне поразот, во финишот шанси имаа Гарначо и Фернандеш, поништен беше гол на Марсијал, а потоа на сцена стапи Скот Мектомини.

Репрезентативецот на Шкотска во 94 минута по ударот на Далот, одбиената топка ја смести во гостинската мрежа, а потоа во 97 минута после асистенцијата на Мегваер, го комплетираше пресвртот.

Во другите денешни натпревари: Барнли – Челси 1:4, Евертон – Бурнмаут 3:0, Фулам – Шефилд јунајтед 3:1.

ВИДЕО: Тотенхем со фудбалер помалку до победа над Лутон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот